Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски разговараше со новиот премиер на Бугарија

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Ковачевски претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков. Во телефонскиот разговор му го честиташе мандатот и му посака успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи.

-Во разговорот е изразено очекување од двете страни за добра меѓувладина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи. Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните, информира владината прес-служба.

Оценуваат дека е потребно меѓусебна соработка.

Jumbo 2