Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Комуникација“ од минатиот век – премиерот Мицкоски за изјавата на Вучиќ

/

Македонија

Сподели преку :

За разлика од благиот одговор на МПЦ на тврдењата на српскиот претседател Александар Вучиќ Вучиќ дека Српската православна црква (СПЦ) е иста и во Боцна и Херцеговина и во Австралија и во Србија и во Македонија, премиерот Мицкоски со директен одговор дека македонската автокефална црква е столб на македонскиот идентитет а изјавите на српскиот претседател оцени дека припаѓаат на минатиот век.

Македонската православна црвква – Охридска Архиепископија Јустинијана прима претставува нешто што е најсветол дел од македонскиот православен идентитет. Се разбира, ние имаме и Mакедонци кои се од друга вероисповест, не се само до православна, но како столб на македонскиот идентитет МПЦ е нешто над сѐ, за мене како човек. Таков тип на изјави ниту имам намера да ги коментирам, ниту сакам да навлегувам во било каква дневна комуникација со изблици на нешто кое повеќе прилега на минатиот век, рече премиерот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод одбележувањето на жртвите од хрватската офанзива „Олуја“ кажа дека во Српската црква постоеле „полицентрични идеи“ за федерализирање и конфедерализирање на СПЦ и дека српската црква е една и иста на секое место во светот.

Српската црква е иста овде во Мркоњиќ Град, иста во Пирот, иста во Сиднеј, иста во Скопје, иста во Франкфурт, во Мелбурн и на секое друго место на светот. Така и ние, мора да знаеме што се витални национални интереси, рече српскиот претседател.

МПЦ вчера со воздражн речник одговори на тврдињата на Вучиќ.

Како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност.  Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА и ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат.

По повеќе од пет децении раскол, во мај 2022 година дојде до историски пресврт во односите меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Српската православна црква.

На 19 мај, во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот Стефан и патријархот Порфириј за првпат заеднички чиноначалствуваа на литургија на помирување. Само пет дена подоцна, историската сцена се пресели во Скопје. Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, двајцата поглавари повторно заеднички служеа литургија, овојпат на празникот на светите Кирил и Методиј.

На 5 јуни 2022 година, во Белград, патријархот Порфириј му го врачи на архиепископот Стефан Томосот со кој СПЦ ја потврди автокефалноста на МПЦ-ОА со што се отвори нова страница во односите меѓу двете цркви.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2