Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

​Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки

/

Македонија

Сподели преку :

Наставата во жешки денови треба да се организира во согласност со протоколот за постапување кога температурите се превисоки. Протоколите се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука и се доставени до сите училишта – изјави министерката, Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали часовите за учениците ќе бидат скратени во денови кога времето е многу топло.

Како што рече, од климатските промени не може да побегнеме, тие се еднакви за сите деца во Европа и во светот.

„Ако е жешко, нема да вежбаат физичко, ќе имаат одмор, ликовно, музичко, нешто друго… Јас не сакам да се мешам во нивната работа, но еве една идеја. Ако е постудено, ќе направат и некоја физичка вежба. Таму во протоколите пишува кога треба да се отворат, кога да се затворат прозорците, кои активности треба да ги имаат децата. Мора да се приспособуваме на сѐ што ќе биде предизвик“, изјави Јаневска.

На прашање дали во училиштата ќе бидат обезбедени клима-уреди за разладување во топлите денови на почетокот и на крајот од учебната година, министерката одговори „ќе има клими кога ние како држава ќе бидеме во можност да обезбедиме клими во сите училишта“.

Градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, изјави дека училиштата во оваа општина ги следат протоколите изготвени од МОН и Центарот за јавно здравје кога температурите се превисоки и оти времетраењето на часовите се скратени само доколку има предупредувачка (жолта) фаза.

„Во случај кога ќе влеземе во жолта фаза со температурите, каде што има одредени гранични вредности за секој месец одделно, вклучително и септември, тогаш ќе постапиме во согласност со протоколот. Доколку има појава на жолта фаза, ќе се постапи по протоколот и ќе се скратат часовите, меѓутоа доколку немаме жолта фаза, нема да пристапиме кон скратување“, додаде Митески.

Jumbo 2