Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изборите во Брвеница со фингерпринт апарати преку набавка во четири очи

/

Македонија

Сподели преку :

За 24 фингерпринт апарати за исто толку избирачки места во Општина Брвеница, обезбедена е функционалност преку јавана набавка, затоа што договорот за одржување на системот и гаранциите потпишани со фирмата „Дермалог“ се истечени. Набавката била со директно преговарање и чинела 200.000 евра, објави „360 степени“ во интервју со претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ.

Договорот се „Дермалог“ е истечен на 11 август, а ДИК подготвува распишување на нов тендер. Бидејќи поради смртен случај на првиот човек на Општина Брвеница, се распишани нови избори за градоначалник, ДИК со испратено и одобрено барање за итна набавка од Бирото за јавни набавки го надминала проблемот.

„Должност наша е непречено да овозможиме гласачите да го дадат избирачкото право на начин што направи набавка за функционалност на УБИК апаратите, односно на 24 УБИК апарати кои што се потребни за спроведување на изборите во 24-те избирачки места. Дополнително на тоа, Државната изборна комисија, исто така, има обезбедено и резерви на овие апарати, нормално со цел да се избегне евентуален некаков технички проблем со одреден апарат. Покрај тоа што располагаме и со резервни УБИК апарати, располагаме и со стручни ИТ лица кои што ќе бидат присутни на терен во избирачките места“, изјави Радица Алексовска, портпаролка на ДИК.

Но, останатите, речиси, 4.000 фингер апарати се без гаранција поради истечениот договор, а Маричиќ во интервјуто наведува дека, пред да се распише тендерот, ќе се чека извештајот од фирмата добавувач „Дермалог“ во ноември. Дотогаш нема можност за распишување на други редовни или предвремени избори.

Брвеница во тетовско е општина во која за нов градоначалник се пријавија шест кандидати. Општината има вкупно 24 избирачки места. На последните избори во првиот круг имаше потполовична излезеност, со нешто над 45 проценти излезени гласачи, додека во вториот круг гласаа над 55 % од запишаните гласачи.

„Во однос на техничката подготвеност, дистрибуиран е навремено и доверливиот и недоверливиот изборен материјал до изборните органи. Тие веќе располагаат нормално со тие материјали. Завршени се и едукациите кои што беа наменети за општинската изборна комисија и за избирачките одбори, така што изборните органи, исто така, во целост се подготвени за спроведување на овие избори“, додаде Алексовска.

Од петок на полноќ започна изборниот молк за изборите во Брвеница кој ќе трае до завршување на гласањето на изборниот ден во недела во 19 часот. Последните избори беа лани во октомври и ноември.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2