Брисел е информиран и ги има забележано проблемите со кои се соочува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а особено се загрижени поради нискиот степен на реализација на активностите, вели претседателката Билјана Ивановска.
Таа додава дека состојбата во 2022 година, во споредба со 2021 година, во однос на реализацијата на активностите е уште полоша, а тоа пак според неа покажува дека самата држава, самите институции не се заинтересирани да направат нешто во оваа насока.
Во синоќешното гостување на ТВ Алсат, таа потенцираше дека извештајот за спроведување на националната стратегија за 2021 година сѐ уште не е разгледан на пленарна седница на Собранието, а до законодавниот дом веќе е испратен и извештајот за 2022 година.













