Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски: Со Заев и промената на статутот СДСМ стана заробена партија

/

Македонија

Сподели преку :

Со промените на статутот во времето на Заев, СДСМ стана заробена партија. Во истиот тој статут може многу тешко да побарате одговорност дека некој греши, ова го изјави во Дирекно Игор Ивановски од платформата 12.05. Запрашан дали чувствува одговорност за своите политки кога имаше фунскции во СДСМ како што сега бара од моменталното раководство на партијата Ивановски кажа дека чувствува одговорност и не бега од неа.

  • Чуствувам одговорност и не бегам од неа. Во 2103 година кога се избра Зоран Заев не бев понатаму член на органите на партијата ниту пак понатаму со изборот на новата Влада по промената на Шарената Револуција, не бев ниту пратеник, ниту во извршната власт. Меѓутоа јас во 2020 година бев повикан и учествував во пишувањето во најголем дел на таа програма 2020 година во која што СДСМ победи. Во 2024 година, да јас учествував во пишувањето на програма со голем тим на партијата и тоа не го негирам. Јас чувствувам одговорност сега зошто тогаш не успеав да бидам доволно гласен и со дел од луѓето да ги спречам носењето на тие погрешни политики во кој што дел од сегашните, мала раковотство, фракција што ја велам дирекно учествуваа. Во 2024 година не бев кандидат на изборна листа беше сегашниот претседател во изборна единица број четири и сега тој не е одговорен, јас сум одговорен? Јас бев против ужасните промени на кривичниот законик со кој што СДСМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и останатите во целиот парламент овозможија не да се санкционираат случаите на висок криминал и корупција туку напротив да се намалт, бев против зголемувањето на платите на избраните и именуваните функционери. Јас сум спремен да се анализира мојата работа, ја прифаќам мојата одговорност како и сите мои колеги од платформата, вели Ивановски.

 

 

Jumbo 2