Искра Хаџи Василева, неофицијално, е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Се бираше помеѓу пет кандидати, а право на глас имаа 187 јавни обвинители од целата држава.
Според информации на Телма, обвинителката Искра Хаџи Василева добила најмногу гласови од нејзините колеги.
Хаџи Василева го застапува обвинението против судијата Ѓоко Ристов за противправно стекнување на имот и перење пари.













