Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И трет бугарски пратеник со забрана за влез се шетал низ Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Бугарските пратеници со забрана на влез во Македонија, границата ја минале минатата недела, на легален граничен премин Делчево, објавено е на повеќе ФБ профили на лица од Бугарија. Телма веќе објави дека пратениците на десничарската проруска партија од Бугарија, „Преродба“, имаат забрана за влез во Македонија поради тоа што лани илегално преминувале границата, но двајца од протераните, Крсто Врачев и Ангел Георгиев, минатата недела легално влегле во Македонија. Од МВР велат дека не може да споделат информации дали и кога влегле бугарските политичари со забрана, најавуваат утврдување на одговорност.

Доколку се утврдат евентуални пропусти или незаконито постапување од страна на службени лица, МВР ќе постапи согласно законските овластувања и ќе ги преземе сите соодветни мерки и дејствија, вклучително и поведување на соодветни постапки, велат од МВР.

Од МВР не даваат детали ниту одговорија на дополнителните прашањана Телма, кој орган во моментот утврдува евентуална одговорност за пропустот кога лица со забрана за влез биле пропуштени на граница од полициските служби. Телма пак потврди дека уште еден поранешен пратеник од истата листа со забрана за влез, во март годинава ја посетил Македонија иако има судска одлука дека не смее да влезе.

Вкупно 27 пратеници на Преродба, односно на партијата Ваздражане имаат забрана за влез во Македонија поради тоа што илегално влегле од Грција на македонска територија кај врвот Кајмакчалан, објави КОД на Телма во март.

За судската забрана изречена во август лани, МВР било веднаш известено, но тројца од листата успеале да влезат во Македонија преку граничните полициски служби иако тоа не смеело да се случи.

Миомир Серафиновиќќ

Jumbo 2