Три стана сопственост на Груби и членови на неговото семејство стојат зад гаранцијата вредна 330 илјади евра која екс вицепремиерот ја нуди за судот да му го врати пасошот. За 5 дена од кукен притвор излегува на слобода дали ке може да излегува и од државата – Кривичниот суд чека мислење од обвинителството за да одлучи.
„Тоа не можам да ви одговорам зошто му треба пасошот. На секој граѓанин за слободно движење му треба пасош. Гаранцијата е инаку, појака мерка од мерка на претпазливост, одземање на патна исправа. По сила на Закон, куќниот притовор му истекува на 13-ти. Легитимно право е на обвинетиот, преку одбраната што поднесе такво нешто“, рече Гоце Ристевски, адвокат на Груби
За делото за кое е обвинет може да биде во куќен притвор најмногу 2 месеца. Тој законски рок истекува следната недеела
Груби во судницата му постави прашања на сведокот Александар Андонов од Државна лотарија кој бил член на комисијата која ја спровела јавната набавка на ВЛТ апаратите. Едно од прашања беше во насока на тоа дека процедурата за видеолотариските терминали била претходно почната а документите биле разгледувани 4 месеци претходно кога тој не претседавал со владината седница. Сведокот одговори дека не му е познато кога и што се случувало во владата. Андонов детално ја објасни процедурата за јавната набавка Тој посочи дека ВЛТ апаратите и денес се наоѓаат во магацините на Државна лотарија и не се ставени во употреба. Од надлежниот сектор биле доставени барања до УЈП и Министерството за финансии за добивање соодветни решенија, но Андонов не можеше да каже какви одлуки биле донесени, ниту зошто апаратите не се ставени во употреба
Тој беше втор сведок на обвинителството но одбраната немаше забелешки за сведочењето.
Првиот сведок на Обвинителството поранешен директор во Лотарија на сред судење доби статус неријателски сведок, поради разликите меѓу неговиот исказ во истрагата и сведочењето во судница. Обивнителите што го водат случајот најавија изјави за ова и друг прашања на следното рочиште .
Елена Ивановска Мукоски













