Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Груби и Бајрами на обвинителна клупа – продолжува судењето за „Државна лотарија“

/

Македонија

Сподели преку :

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, со изведување на материјални докази од страна на Јавното обвинителство.

Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами.

На претходното рочиште Обвинителството презентираше документација поврзана со основањето на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки и финансиски трансакции за набавка на видеолотариски терминали.

Беа презентирани и банкарски изводи, девизни налози, фактури и друга документација.

Покрај Груби и Бајрами, обвинети се уште седум лица.

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од речиси 600 милиони денари.

Сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

 

Jumbo 2