Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гевгеличанец приведен откако возел 204 километри на час на автопат

/

Македонија

Сподели преку :

Со брзина од 204 километри на час кај клучката Смоквица гевгелоско возел маж со „бмв“. Полицијата го упаси бидејки возел двојно повеќе од дозволената брзина. 

– Вчера во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило”.

Jumbo 2