Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Газда Деко дава 12 милиони денари вреден имот како гаранција дека нема да бега

/

Македонија

Сподели преку :

Повеќе од 200 илјади евра нуди сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко како гаранција дека нема да бега. Ова за телма го потврдуваат од Кривичниот суд од каде велат дека се работи за недвижен имот којЈованов го става под хипотека. Гаранцијата е пристигната во судот и испратена на мислење во обвинителството кое треба да се изјасни дали се согласува со гаранцијата.

Телма веќе објави дека Јовановски без разлика на тоа дали ќе даде или не гаранција, тој излегува од притвор на 3 октомври. Законски може оваа мерка да ја издржува една година од оценката на обвинението, кое било прифатерно ланио на 3 октомври.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска вели дека имотот е негов и на близок член на неговото семејство. Без разлика што дел од имотот е замрзнат поради постапката која се води против него во Кривичниот суд, вели дека истиот имот може да биде ставен и како гаранција.

„Гаранцијата ја поднесовме во петокот, и очекуваме оваа недела да биде одлучено. Предметот е по голоем притисок од јавноста и очекувам дека за кусо време ќе се добие мислење од обвинителството и одлука на судот.

Од обвинителството се уште нема информации како ќе се произнесат за гаранцијата иак оистакнуваат дека до сега ставот за оваа мерка бил јасен, а тоа е дека треба да има притвор за Јованов.

Инаку претходно неговата одбрана истакна дека ја нуди гаранцијата за да го увери судот но и јавноста дека Јованов ќе биде достапен на судењата, иако тој и без неа ќе биде на слобода.

Јованов беше приведен веднаш после пожарот во дискотеката на 16 март, а му беше одреден притвор на 23 март, лани. Судењето против него и уште 33 ца обвинети започна во ноември и се уште трае, а предвидувањата се дека ќе биде еден од најдолгите и најобемните процеси. На 16 март 2025 година во дискотеката Пулс од Кочани, загинаа 63 луѓе а повеќе од 200 беа повредени.

Билјана Николова

Jumbo 2