При директниот пренос на Топ Тема- Интервју со Христијан Мицкоски, на ФБ страницата на Телма се појави и името на Никола Груевски.
Азилантот во Унгарија и претходник на Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на емисијата се вклучи на стримот на Телма и го следеше интервјуто.
Мицкоски и Груевски во моментот се на различни страни во политиката. Груевски неколкупати јавно ја критикуваше политиката на Мицкоски и на опозицијата.

Министер за внатрешни работи во техничката влада, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде Панче Тошковски, соопшти Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во Топ Тема на ТВ Телма. Вториот министер по предлог на опозицијата во техничката влада ќе биде Ѓоко Велковски во ресорот труд и социјална политика. Стефан Андоновски ќе биде предлог на… Продолжи со читање













