Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон дер Лајен: Ќе го разгледаме нашиот буџет за да се осигурaме дека ЕУ е подготвена да прими нови членки

/

Македонија

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја посети Албанија, како дел од турнејата низ Западен Балкан.

На прес-конференцијата со Рама, фон дер Лајен рече дека Албанија постигнала извонреден напредок, но дека се потребни повеќе реформи.

Таа порача дека ќе се разгледа буџетот на ЕУ за да се осигури дека унијата е подготвена да се прошири и да прими нови членки.

  • Мојата последна порака е следнава: вие во Албанија се подготвувате, а и ние исто така, бидејќи проширувањето е двонасочен процес, а и Европската Унија мора да биде подготвена да прими нови членки. Токму затоа, следната недела ќе ги претставиме нашите таканаречени прегледи на политиките пред проширувањето, односно, со други зборови, ќе ги разгледаме нашите  нституции, ќе ги разгледаме нашите политики и, се разбира, ќе го разгледаме и нашиот буџет за да се осигуриме дека нашата Европска Унија е подготвена да се прошири и да прими нови членки, рече претседателката на ЕК.

После денешната посета на Подгорица и Приштина, Фон дел Лајен доаѓа утре во Скопје. Освен со премиерот Мицкоски, ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Овојпат нема да ги посети Србија и Босна, поради претстојните парламентарни избори.

Се очекува на средбите да се зборува за најавените нови патокази, но и новата економска политика за која денеска пишува и во медиумот „Политико„. Се тврди дека Унијата ќе ја отвори својата огромна економија за земјите што чекаат да се приклучат на нејзините редови, под услов да се согласат да застанат на страната на блокот против непријателските држави и индустриските соперници.

Критиката на опозицијата дека владата го кочи евроинтегративниот пат за Мицкоски е радикализам од Али Експрес

Обвинувањата на опозицијата дека е неискрен и го кочи евроинтегративниот пат, за премиерот се радикални. Тврди дека во петок ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, со јасни аргументи и подготвеност за дебата. -Не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата, кој секој ден е, би рекол, сѐ… Продолжи со читање

telma.com.mk

Б.С.

Jumbo 2