Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Филипче: Мицкоски е руски прокси играч на Балканот, тоа сите го знаат

/

Македонија

Сподели преку :

„Ако е тоа документ кој доаѓа од ЕУ, тогаш рационалната анализа треба да покаже дали има некаков ризик од Договорот за добрососедство со Бугарија и дали тоа немаше консензус е резултат на немаше реални објективни фактори и ризици или е резултат на лажната кампања и еуфорија која ја што ја подигна Мицкоски со цел на добие на изборите на 2024 со такво огромно мнозинство поигрувајќи си со емоциите на граѓаните. Што е ризикот од тој договор? Што тој договор ни загрозува? Што ние губиме ако тоа го имплементираме. Дали имаме некаков ризик по идентитетот и јазикот како што лажеше Мицкоски, а Урсула фон дел Лајен (претседателката на ЕК) рече дека тоа не е вистина“, рече Филипче во „Директно“.

„Христијан Мицкоски е руски прокси играч на Балканот, тоа сите го знаат, бидејќи игра за интересите на Виктор Орбан за што е под истрага“, дециден е претседателот на опозициската СДСМ.

Тој потсети дека Мицкоски ветувал и уставни измени со одложено дејство, сите во Брисел му кажаа дека не може.

„Јас сум кажал, рече Филипче, се што ќе направат подобро од нас ние ќе го поддржиме“.

  • Нема Влада што ќе прифати да разговара за националниот идентитет и за историјата, ниту некогаш би се согласиле на такво нешто, Мицкоскски тоа добро го знае, но намерно го кочи европскиот пат на Македонија“, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче во Директно.

Тој смета дека владата на ВМРО ДПМНЕ одработува за руските интереси.

 

Jumbo 2