Граѓаните сè уште чекаат Мицкоски да ги исполни своите ветувања за подобар стандард, подобар живот и подобри преговарачки позиции со Европската Унија, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат телевизија.
„Што ветуваше тој? – Подобар стандард. Подобар живот. Ветуваше подобри преговарачки позиции со Европската Унија. Тоа ветуваше“, рече Филипче.
Лидерот на СДСМ ја потенцираше катастрофалната економска политика во земјата.
„Луѓето не можат да врзат крај со крај, не можат да живеат од лошите економски политики на Христијан Мицкоски. Не може месецот да го поминат. Празни се паричниците, празни се фрижидерите“, рече Филипче.













