Европскиот парламент потпиша меморандум за разбирање со Европската асоцијација за размена на вести, позната како „ЕНЕКС“. Одлуката им претходи на европските избори што се закажани за периодот од шести до деветти јуни годинава.
Со ова партнерство се очекува двете страни да ја продлабочат соработката во покривањето на изборниот процес.
Здружението ЕНЕКС е основано во 1993 година со седиште во Луксембург. Во него се вклучени 55 приватни телевизии, вклучувајќи ја и „Телма“.













