Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗР алармира: ФЕЦ се градат со слабости во системот

/

Македонија

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија утврди дека во периодот од 2022 до мај 2025 година системот за издавање дозволи за изградба на фотоволтаични електроцентрали (ФЕЦ) не обезбедувал целосна законска усогласеност, навремено планирање и координирано постапување на институциите.

Во извештајот е посочено дека дел од ФЕЦ биле одобрени без соодветната законска процедура, а во три случаи дозволи за објекти со моќност од 19, 174 и 337 MW биле издадени од општини, иако станувало збор за градби од државно значење.

Ревизијата покажала и слабости во институционалната координација, надзорот и следењето на реализацијата на обврските на инвеститорите.

Дополнително, биле утврдени неусогласени податоци за инсталираната моќност, различен третман на инвеститорите и недоволна интероперабилност меѓу институциите.

Надзорот над спроведувањето на енергетските прописи од страна на општините практично изостанувал, додека инспекциските контроли на техничката опрема во ФЕЦ биле малубројни.

По измените на Законот за енергетика во мај 2025 година има подобрувања во планирањето, а Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година бил донесен навреме.

Сепак, ДЗР предупредува дека сè уште не се донесени дел од клучните подзаконски акти, не е формирана комисијата за доделување овластувања за изградба на енергетски објекти, а регистарот на електроцентрали е нецелосен и неусогласен.

Ревизорите препорачуваат зајакнување на надзорот, мониторингот и институционалната координација за растот на ФЕЦ да биде проследен со законито и одржливо управување.

Jumbo 2