Две третини од должниците се мажи. Младите до пари најчесто одлучуваат да дојдат преку брз кредит. Компанијата за наплата на долгови „ЕОС Матрикс“ со презентација на податоците за долговите, кои тие ги преземаат и ги наплатуваат.
Од нивната анализа може да се види дека, за разлика од мажите, жените повеќе се грижат околу враќањето на долгот. Најмладиот должник има 18 години и најчесто ваквата популација се задолжува преку кредитни картички и брзи кредити, односно преку микрокредитирање.
Повозрасните преферираат потрошувачки кредити. Највозрасниот од нив има 89 години. Но она што го покажува анализата, е и тоа дека во земјава задолжувањето не е заради луксуз.













