Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца српски државјани уапсени поради возење со 169 и 175 километри на час

/

Македонија

Сподели преку :

Двајца српски државјани се лишени од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека на автопатот А1, на делницата од тунелите Демир Капија до Гевгелија, возеле со речиси двојно поголема брзина од дозволената.

На 18 октомври во 19:05 часот, при излез од државата, била приведена 36-годишна жена од Србија, која управувала автомобил „мерцедес“ со српски регистарски ознаки. При проверката било утврдено дека претходно на автопатот возела со брзина од 169 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

Три час подоцна, во 22:45 часот, на истиот граничен премин бил лишен од слобода и 58-годишен српски државјанин. Тој управувал автомобил „ауди“ со српски регистарски ознаки, а системот „Безбеден град“ регистрирал дека на истата делница возел со брзина од 175 километри на час.

Од МВР информираат дека двајцата биле спроведени во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за безобѕирно управување со моторно возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Jumbo 2