Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца повредени во пукање во скопско Арачиново

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „18“ во село Арачиново се слушале истрели од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42).

Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира МВР.

Jumbo 2