Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ и од септември ќе продолжи со блокада на Собранието

/

Македонија

Сподели преку :

Демократската унија за интеграција (ДУИ), која е предводник на пратеничката група на Европскиот фронт во Собранието, и од септември ќе продолжи да ја блокира работата на законодавниот дом со процедурални забелешки, се додека од дневен не биде повлечен предлог-законот за правична застапеност. Овој став на паритјата денеска го изнесе Имран Жупани, член на претседателството на Генералниот совет на партијата.

„Имаме сериозни забелешки на тој закон. Тој ги нема основните начела што треба да ги содржи еден закон, за тоа ние ќе настојуваме и ќе правиме сè што можеме тој закон да не помине“, изјави Имран Жупани, член на претседателството на Генералниот совет на ДУИ.

Но, повлекувањето на предлог-законот за правична застапеност не е единствениот услов за деблокада на Собранието од страна на ДУИ. Жупани, како втор услов, го посочи и предлог-законот за високо образование, при што рече дека забелешките на опозицијата на предлог-законот воопшто не биле земени в предвид од страна на власта.

Интегративците и Европскиот фронт се на став дека законот за правична застапеност треба да биде усвоен со т.н. голем Бадентер, односно мнозинство од вкупниот број пратеници кои се дел до немнозинските заедници, што беше одбиено од партиите од власта кои најавија дека законот ќе се носи со мал Бадентер, односно со мнозинството од пратениците од етничките заедници кои се во моментот присутни на седницата.

За тоа дали ДУИ би се согласила да преговара со мнозинството во Собранието за да се обезбеди Бадентерово мнозинство, Жупани не одговори директно, но рече дека за една влада да има легитимитет клучно е таа да обезбеди и мнозинство според Бадентер.

ДУИ се противи на предложеното законско решение за правична застапеност како лошо, бидејќи во него не се предвидени етнички квоти, што според нив може да ја намали застапеноста на Албанците во јавната администрацијата. Според Интегративците, спорно е и тоа што со предлог-законот не е предвидено институците при вработување или унапредување да ги идентификуваат граѓаните по етничка основа, ниту пак се предвидени санкции за непочитување на одредбите.

Тамара Грнчароска

Jumbo 2