ДОМ ја поздравува одлуката на Советот на Општина Пехчево едногласно да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар.
Ова е важен чекор, но тука не завршува приказната.
- Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите постапки за изградба на дата-центри, како и да реагираме секогаш кога ќе има обиди вакви проекти да се туркаат без доволно информации, без јавноста да биде навремено информирана и без јасни анализи за влијанието врз потрошувачката на вода и струја. Потенцијалните продобивки и штетни последици од ваквите проекти мора да се објавуваат навремено и транспарантно со целосно вклучување на сите засегнати страни, велат од ДОМ.

Советот на Општина Пехчево едногласно ја отфрли иницијативата за изградба на Дата-центар во градот. На денешната седница сите девет советници гласаа против. Од нив, петмина се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од СДСМ и коалицијата, а еден е од Движење ЗНАМ. Гласањето следуваше по реакциите во јавноста во изминатите денови околу најавениот проект и начинот… Продолжи со читање
И ова не е прашање само за Пехчево. Истите правила мора да важат на целата територија на Македонија, велат од ДОМ и додаваат дека на Македонија ѝ треба дигитален развој, но не по цена на животната средина и јавниот интерес.

Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во селото Панчарево. Деветмината советници кои го сочинуваат општинскиот Совет гласаа против, со што оваа иницијатива беше отфрлена едногласно. Иницијативата која беше ставена на дневен ред на денешната седница претходно предизвика реакции кај дел од партиите, но и еко-активистите. Во отсуство на јавна дебата, тие изразија… Продолжи со читање













