Видеа со големи гужви и долги колони на пат кон Скопје ни испратија наши читатели кои со часови патуваат кон главниот град.
Илјадници посетители од Скопје решиле викендот да го поминат во Маврово, но тоа ја оптовари и без тоа недоволната патна инфраструктура до и од нашиот најголем национален парк и една од најпопуларните туристички дестинации во Македонија.













