Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДОКУМЕНТ: Планот за раст на Западниот Балкан претставен во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Заедничка изјава на лидерите во Скопје за ЕУ-Планот за раст на државите од западен Балкан, која содржи 11 точки, беше презентиран на денешниот состанок на лидерите на државите од западен Балкан, на која присусствува високопозиционирани претставници на ЕУ и на САД.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, одржа заедничка прес- конференција со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн, по Лидерскиот состанок што се одржа во Скопје.

Двајцата соопштија заеднички очекувања за придонес на Планот за раст на Западен Балкан во забрзана интеграција на Република Северна Македонија кон Европската Унија, со цел постигнување на посакуваниот економски развој и на европски стандарди на живот.

„Важно е за граѓаните да чујат дека имаме конкретен план како да ги зајакнеме нашите економии, да го подобриме животниот стандард на граѓаните, да обезбедиме стабилен и развиен регион. Важно е да чујат дека имаме конкретна поддршка на европскиот пат“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

„Планот за раст е досега најсериозната политичка потврда од Европската Унија дека тие имаат конкретен план за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан. Со неговата реализацијата којашто зависи и од ЕУ но пред сè од нас, земјите од Западен Балкан, бруто-домашниот производ по глава на жител треба да се удвои“, соопшти Ковачевски.

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн на прес конференцијата соопшти дека САД очекуваат да задоволат интересите на граѓаните на Западен Балкан и владите да имаат поблиска интеграција со Европа и испрати силна порака на поддршка – евроинтеграцискиот процес да продолжи до целосно членство во ЕУ.

„Северна Македонија и САД ќе продолжат да работат заедно на траекторијата на земјата кон Европа. Луѓето на оваа земја ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат. Од гледна точна на САД, ние сакаме да ја видиме Северна Македонија да стане дел од Европа колку што е тоа можно побрзо“, порача високиот американски претставник, Џејмс О’Брајaн, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Во продолжение целосен документ со текстот на Заедничката изјава.

joint_statement_wb_meets_eu_skopje_22_january_2024

Jumbo 2