Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК отвори предмет за прославата за 35 години независност

/

Македонија

Сподели преку :

Антикорупциската комисија по сопствена иницијатива отвори предмет за судир на интереси за член на комисија за избор на понуда за прославата за 35 години независност, а потоа тој бил и изведувач, односно, учествувал во програмата, потврди за Tелма претседателот на комисијата Aдем Чучуљ.

Во однос на финансирањето на прославата, Чучуљ вели дека го следат случајот. Ние сме превентивен орган. Ако има нешто во рамки на наша надлежност ќе отвориме предмет, но веруваме дека и другите државни органи кои имаат пред сѐ истражни надлежности го следат случајот и доколку има сомневање за незаконитости ќе постапат во рамки на нивните надлежности, вели чучуљ.

5,5 милиони евра чинеле манифестациите за 35 години независност. Најголем дел се од сметката на Државна лотарија. Владата ја задолжила лотарија, нераспределената добивка од 2024-та година од 4,8 милиони евра, да ја намени за спонзорирање на прославата, останатиот дел се донации од фирми.

Jumbo 2