Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе избира заменик-претседател.
Покрај изборот на заменик-претседател, членовите на ДКСК на 37-та седница ќе разгледуваат и предмети од нивна надлежност, како и прашања и предлози.
На дневен ред е и постапување по предмети поднесени од укажувачи.













