Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деветта жртва на западнонилска треска

/

Македонија

Сподели преку :

По речиси еден месец болничко лекување почина 66 годишен Кумановец од западно нилска треска. Тој е деветата жртва на болеста во земјава.

Пациентот бил на механичка вентилација а имал и претходни коморбидитети. Починал викендов,  откако подолг период се борел за живот. Тој бил еден од двајцата пациенти со најтешка клиничка слика.

„И покрај сите превзмени мерки од страна на медицинскиот персонал од одделот за интензивно лекување настапи летален исход. Пациентот беше со доста придружни заболувања и нормално тоа е еден од ризик факторите кои даваат неповолен исход“ – изјави Д-р Фадил Цана, директор на инфективната клиника.

До сега се регистрирани 70 случаи. Најмногу заразени има во Драчево 13,во Бутел 7 ,Гази баба 6 , Илинден и Аеродром по четврица случаи. Во Јурумлери, Чаир и Студеничани по тројца, Велес, Инџиково, Центар, Сопиште, Зелениково и Кисела вода по двајца заразени од западен нил.

66 пациенти досега побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести поради западно нилска треска.

„На клиниката се хоспитализирани 11 пациенти од кои еден е с опотешка клиничка слика и се наоѓа во одделот за интезивно лекување. Последниот прием на инефктивната клиника е од 19-ти септември“ – додава Д-р Цана .

Европскиот центар за превенција и контрола на болести објави дека Македонија е меѓу петте земји на Балканот со најголем број регистрирани случаи на западно нилска треска.  Изминатиов викенд во главниот град беше извршена вонредна авионска дезинсекција против комарци. Македонија уште во август прогласи епидемија на западно нилска треска.

Симона Петровска

Jumbo 2