Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари тргнувал кон работното место кога го нашол куршумот пред својата куќа

/

Македонија

Сподели преку :

(фотографијата е илустрација, не е од местото на настанот)Куршумот бил најден пред влезот на куќата во Гостивар во која живее гостиварскиот градоначалник и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Таравари тргнувал кон работното место кога го нашол куршумот пред својата куќа.

Откако лидерот на Алијанса ги известил вработените во својот кабинет, еден од нив го пријавил случајот на гостиварската полиција по што е започнат увид на местото на настанот.

Куршумот е подигнат од местото на настанот и е извршено фотографирање на местото на настанот. Станува збор за куршум со калибар 7,62 мм наменет за автоматска пушка.

Во партијата која ја води Таравари врие и има раскол меѓу актуелниот лидер и поранешниот претседател Зијадин Села. Таравари смета дека Алијансата треба да се придружи на опозицијата во албанскиот политички блок во Македонија за да се „извршат промените“ и заеднички да ја поразат ДУИ на изборите.

Села кој е претседател на Централното претседателство на Алијансата за Албанците се залага за самостоен партиски настап на изборите. Покрај куршумот пред врата, расколот предизвика и физички напад синоќа во Тетово кога директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу (подржувач на Села) беше нападнат од подржувачот на Таравари, Кренар Османи.

Оставен куршум пред домот на Таравари, синоќа нападнат Дритон Небиу!

Несогласувањата меѓу членството во Алијанса за Албанците ескалира во физички пресметки и закани со ликвидации. Утрово пред домот на лидерот на партијата оставен куршум како порака. Синоќа пак приврзаници на Арбен Травари по вчерашната прес-конференција на која поранешниот претседател на партијата, Зијадин Села најави разрешување на Тараври од функцијата претседател, физички го нападнале Дритон Небиу,… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2