Денеска блиските на жртвите на обвиниетиот сериски убиец Трајче Бојковски очекуваат да ја слушнат пресудата во судот во Куманово. На претходното рочиште во судницата обвинителот
Љубомир Лапе побара доживотна пресуда, за Бојковски кој е обвинет дека убил 4 жени а се обидел да убие уште две.
Навидум бил мирен овчар во Нагоричане, но во исто време и предатор. Ги демнел, ги бирал оние кои живеат сами, најчесто стари и изнемоштени, ги давел до смрт, па ги силувал.
Некрофилија е најсилниот мотив за сите. За разлика од него адвокатот негираше дека мотивот е задоволување на полови страсти, негираше дека обвинителот го докажал обвинението и побара пониска казна.
Обвинетиот за сериски убиства од некрофилски причини, делувал повеќе од една година, а беше откриен откако ја уби својата последна жртва за која беше побарана обдукција.













