Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со калашников или со тапани да влезете, не ги интересира каде одите – директорот на инспекторатот за локална самоуправа најави кривична против обезбедувањето

/

Македонија

Сподели преку :

Расфрлани столици, искршена брава, украдена опрема и пари- демолирани канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа. Директорот Ферди Шабани прашува, како е можно да има кражба во објект во кој се наоѓаат канцеларии на МВР, а никој да не го забележи тоа.

Шабани не се сомнева во никој, но најави кривична пријава против обезбедувањето бидејќи како што тврди потфрлиле со работата.

Девет месеци сум директор и не ми се допаѓа ништо овде. Доле обезбедувањето што го чува објектот, дали го чуваат објектот или спијат. Многу пати ми се случило да дојдам викенд тука од волја што ја сакам работата и ми се случи една вечер кога дојдов,со било што да влезеш тука или со калашников или со тапани не ги интересира каде одите  Верувајте не се сомневам во никој и во мојот живот не сум имал проблеми со никој, вели за Телма Ферди Шабани, директор на Државен инспекторат за локална самоуправа.

Случајот се најде и во дневниот билтен на МВР.

На 27.01.2024 во 17.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канцеларија во просториите на Државен инспекторат за локална самоуправа во Скопје во периодот од 26. до 27.01.2024 засега непознат сторител насилно влегол и одзел пари, мобилен телефон и лап топ компјутер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа се наоѓаат во зградата на МРТВ на 12-ти кат.

Симона Петровска

Jumbo 2