Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деца нападнале друго дете и сакале да го ограбат, полицијата ги приведе

/

Македонија

Сподели преку :

Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се приведени во Скопје поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишно момче.

На 10 август околу 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода малолетниците на улицата „11 Октомври“ во општина Центар.

Според пријавеното, околу 20:00 часот на булеварот „Кочо Рацин“, тие физички го нападнале 14-годишникот и се обиделе да му одземат пари. Откако не успеале во намерата, побегнале од местото.

Малолетниците се задржани во полициска станица, а по целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Jumbo 2