Државата ќе треба да издвои најмалку 12 милиони евра за организирање и спроведување на двојните избори напролет, со можност сумата да стигне и до 15 милиони евра, доколку се појават непредвидени работи, вели претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски во интервју за МИА.
Според него, тоа што станува збор на двојни избори на кои ќе се гласа и во странство, ја оправдува сумата.













