Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Даниловски: Застојаната вода е генератор за нови и нови генерации на комарци, таа треба постојано да се отстранува

/

Македонија

Сподели преку :

Застојаната вода е генератор за нови и нови генерации на комарци, истакна универзитетскиот професор Драган Даниловски во денешното издание на Телма интервју на ТВ Телма.

„Тигрестиот комарец е способен да се размножува во многу мали количини на вода. Важно е да се оневозможи размножувањето на комарецот со тоа што ќе му се отстранат можности да си ги одгледува јајцата. Сите имаме дома саксии, под саксиите ги има оние тацни. Тие обично се полнат со водичка од саксијата. Тоа треба постојано да се празни. Пластични садови, порции од домашни миленичиња, буриња… Особено се опасни, оние што живеат во куќи сигурно имаат стари автомобилски гуми кои што се сомневам дека има празна гума во која нема таква застојана вода“, вели Даниловски.

За заштита од комарци ги посочи репеленти, разни средства кои ги има, како што рече, на синтетичка и на растителна основа и во форма на спрејови и стикови.

С.Д.

Jumbo 2