Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Три активни пожари, два под контрола, два изгаснати

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска до 13 часот се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор од кои три се активни, две се под контрола, а два се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Активни пожари: Општина Штип, с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод, место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино, воениот полигон Криволак (ниска вегетација)“, информира ЦУК.

Како што додава ЦУК, под контрола се пожарите во Општина Крива Паланка – на излез од Крива Паланка (депонија); Општина Делчево – градска депонија (депонија), а изгаснати се пожарите во Општина Новаци – на патот пред РЕК Битола (ниска вегетација); Општина Велес – м.в. Кулата (нискостеблеста поретка шума и сува трева).

Jumbo 2