Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Пет пожари на отворено, денеска регистрирани вкупно 19

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за село Палиград, како и над село Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума.

Активен е пожарот и кај село Трново во Општина Гостивар, кој се шири кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод.

Во Општина Зелениково е активен пожарот кај село Тисовица, како и над село Нежилово во Општина Чашка, во месноста Сватови. Во Општина Ново Село е активен пожарот на депонијата во Ново Село.

Од ЦУК информираат дека под контрола се пожарите во село Тајмиште, месноста Дарда, во Општина Кичево, како и пожарите на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и на депонијата во Делчево.

Во текот на денот, додаваат, се изгаснати 11 пожари. Во Општина Желино изгаснати се пожарите во село Желино и во село Стримница, изгаснат е пожарот и во село Одри, во Општина Теарце.

Во Општина Македонски Брод изгаснат е пожарот меѓу резерватот „Јасен“ и село Брезница, додека во Општина Кичево е изгаснат пожарот во село Зајас.

Во Општина Делчево изгаснати се пожарите во село Ветрен и во село Бигла, каде горела одложена кожа во кожарата „Годел“.

Изгаснати се и пожарите во село Виничани, Општина Градско, во село Форино, Општина Гостивар, како и во село Манастирец во Општина Росоман и во Росоман.

Jumbo 2