Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, шест се ставени под контрола, а 15 се целосно изгаснати.
Активни пожари има во општините Чучер-Сандево, Струга, Македонски Брод, Могила и Крушево. Пожарите зафаќаат различни видови вегетација, а во Крушево гори отпаден материјал.
Под контрола се пожарите во Кичево, Сарај, Делчево, Брвеница, Ново Село и Старо Нагоричане. Најголем дел од останатите пожари, меѓу кои и оние во Ѓорче Петров, Тетово, Гостивар, Струмица, Липково и Куманово, се изгаснати.













