Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот утрово се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор низ земјава.
Од нив, три се активни, додека четири пожари се ставени под контрола.
Активни се пожарите во реонот меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци во општина Струга, кај селото Белица во Македонски Брод и кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.
Под контрола се пожарите кај селото Бенче во Македонски Брод, кај селото Тајмиште во Кичево, кај селото Грачани во општина Ѓорче Петров, како и пожарот на дива депонија во Делчево.













