Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Бујар Османи на Фејсбук објави дека собрал над 10 илјади потписи за неговата претседателска кандидатура

/

Македонија

Сподели преку :

Кандидатот за претседател од ДУИ Бујар Османи преку видео порака од својот дом вечерва објави дека собрал над 10 илјади потписи за неговата кандидатура.

„Кандидатот на Коалицијата „ВРЕДИ“ Арбен Таравари, во рок од еден ден доби доброволна поддршка од повеќе од 8.000 граѓани. Иако ДУИ ги користеше сите механизми за притисок врз вработените во јавната администрација, беа потребни повеќе од три дена за да соберат исто толку потписи. Утре продолжува собирањето потписи за успешно завршување на овој прв чекор“, соопштија вечерва од ВРЕДИ.

На четвртиот ден од собирањето на потписи, се` уште никој друг освен Османи ја нема потребната бројка.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 25 февруари, вкупно 24.830 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатури за претседател  на државата.

Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на бројот на попишани граѓани, но не ги пресметува оние кои потпис оставиле кај нотар.

Мицкоски за Ахмети: Фрустрација на поединци

„Фрустрација на поединци“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментира идејата на ДУИ, претседател на државата да се бира во Собранието. Изјавата на Ахмети, за него е обид да се сврти вниманието и да се насочи кампањата кон оваа нивна посакувана цел, затоа и треба да се игнорира. За сличниот став на Таравари, вели дека е… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2