Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борбата против пожарите продолжува – Ангелов апелира до граѓаните на внимателност

/

Македонија

Сподели преку :

Бројот на пожари во земјава и натаму не се намалува. Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30 пожари, од кои четири на територијата на Струмица.

Еден од нив се приближил до селото Куклиш и стигнал до првите куќи, но сите пожари во овој регион биле брзо изгаснати.

Во моментов најсериозна е состојбата кај Жеден, каде пожарот се движи кон селото Радуша, на непристапен терен.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, со апел до граѓаните да бидат внимателни, бидејќи и најмала искра може да предизвика голема катастрофа.

Jumbo 2