Битола со години е меѓу најзагадените градови во државата, а покрај домаќинствата и индустријата, фосилни горива за греење користат и голем број јавни институции. Со фотоволтаици, топлински пумпи и енергетски ефикасна фасада, „Стив Наумов“ станува пример за зелената транзиција. Колку ваквите инвестиции придонесуваат за почист воздух и какви се првите финансиски ефекти?
Од претстојната грејна сезона, Основното училиште „Стив Наумов“ ќе стане првото училиште во Битола што целосно го напушта греењето на нафта. Со поставувањето на топлинските пумпи, училиштето повеќе нема да користи фосилни горива, што ќе значи и помало загадување. Трансформацијата започна пред неколку години со замена на дограмата, нова покривна конструкција и енергетски ефикасна фасада, а потоа беа поставени и фотоволтаици.
–Со обновливата зелена енергија ние направивме ова училиште да биде зелено училишт тоа значи исфрлање на анфтата како енергесн во однос на загадувањето, со што придонесуваме за чиста зелена енегрија и еколопка средина, вели Никола Пискачев директор на ОУ Стив Наумов од Битола.
Енергетската ефикасност и обновливите извори постепено се воведуваат и во другите битолски училишта. Фотоволтаици веќе има на десет основни и средни училишта, а до крајот на годината нивниот број треба да се зголеми на тринаесет, а веќе се видливи и првите финансиски придобивки.
–После целосната пресметка се заштедуваат околу 17.000 евра на годишно ниво во сите овие објекти во коишто се поставени обновливи извори. Очекуваме сега со топлинските пумпи можеби таа електрична енергија сметките ќе бидат и на исто, бидејќи тие работат на струја, меѓутоа се заштедува на екстра лесно масло за греење, вели Емилија Сарафска, од Општина Битола.
Во „Стив Наумов“, дел од приходите од произведената електрична енергија повторно се вложуваат во училиштето. За нивната намена предлагаат токму учениците, преку свои проекти за подобрување на училишниот простор.
-Фотоволтаиците произведуваат струја, при што дел од произведената електрична енергија се користи за потребите на училиштето, а останатата се пласира на слободниот пазар. Средствата што се остваруваат од нејзината продажба повторно се вложуваат во училиштето, а нашите ученици имаат моност да предложат проекти, вели Пискачев од 49 до крај
Битола со години е меѓу градовите со најзагаден воздух во државата, особено во зимските месеци. Покрај индустријата и РЕК „Битола“, значителен дел од загадувањето доаѓа и од греењето на домаќинствата и јавните институции кои користат фосилни горива. Со најавите за ставање во функција на битолската топлификација, во првата фаза треба да бидат приклучени 33 јавни објекти. До тогаш, намалувањето на загадувањето ќе зависи и од ваквите инвестиции во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.
Новинар Емилија Мисирлиевски
Снимател Златко Јосифовски













