Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битиќи за потпретседателската понуда во СДСМ: Оставам претседателот да каже, моето враќање на маса за разговори е покана за сите да се вратат на разговори

/

Македонија

Сподели преку :

Понудата за потпретседател на СДСМ е на маса, предмет е на разговори, но не е важна функцијата, туку е важно да се разговара за идеолошки и вредносни работи, рече Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Мислам дека наредната недела ќе има Централен одбор, па ќе оставам претседателот да каже“, посочи Битиќи.

Тој додаде дека еден од луѓето кои „секогаш имале критичко мислење за доброто на партијата и социјалдемократските вредности и, секако, за добро на државата.

„Сметам дека е подобро да се биде на маса, да се разговара за тие работи. Сметам дека и тие кои во овој момент одлучија да седнат на друга маса, затоа што сметаат дека нема форум за дискусија, моето враќање на маса за разговори е отворена покана за сите да се вратат на масата за разговори“, порача Битиќи.

За повлекувањето од позицијата по поразот на изборите рече дека било морална одговорност.

„Опкружувањето се менува, работите се менуваат. Не можете по секоја цена да останете на едно место. Мора да им дадете порака на сите дека некогаш во животот и особено во политиката мора да понесете морална одговорност, иако можеби во тој момент не сте најзаслужни за резултатот“, вели Битиќи.

Битиќи вели дека не тактизира во смисла дека ако не е на таа позиција, би можел да замине во друга политичка опција.

„Прво „12.05“ се мои другари, социјалдемократи, така што не можам да заминам. Таму нема тело, тие велат дека се гледаат во СДСМ. Во овој момент на политичката сцена нема партија центар-лево со социјалдемократски вредности“, истакна Битиќи.

С.Д.

Jumbo 2