Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајрами по стапките на Груби стигна на Блаце

/

Македонија

Сподели преку :

Слично како Артан Груби,  екс директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами  рано утрово се предал на граничниот премин Блаце. Пеш ја минал границата а полицијата го спровела во затворот во Шутка затоа што има активна мерка притвор за предметот со злоупотреби во Државна Лотарија. Неговиот адвокат нема информации каде бил и зошто сега се врака. Очекува деновиве да го посети во затворот

„Каде бил и како се вратил не знам и не може да ви кажам ништо, со оглед на објавените информации дека се пријавил на премин со Косово, укажува дека се вратил од таму. Во секој случај, добро е што истиот се вратил да се соочи со судот во постапката за него. Што се однесува на друго, не може да кажам повеќе бидејќи треба да се видам со него“, вели Еленко Миланов, адвокат на Бајрами 

Столчето на Бајрами на судењето кое почна во понеделникот остана празно. Судијката одлучи да му се суди во отсуство . Но неговото вракање ги одложи следните два термини за судење

Судот,во текот на денов, на обвинетиот ќе му достави примерок  од обвинителниот предлог  како би можел да се запознае со истиот, а со оглед да Законскиот рок за увид во предлогот и доказите е 8 дена, расправите насрочени за 11 ти и 16 ти септември се отповикуваат а судењето ќе продолжи на 18 ти септември во 12:00 часот, велат од Кривичен суд

 Од  ОЈО Скопје информираат дека покрај предметот кој е во фаза на судење  во тек се уште четири постапки против Бајрами за кои се прибираат докази и се вршат вештачења.   За една од нив обвинителстовто објави во декември 2024 дека го сомничи за фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на Лотарија

Тој е првообвинет  во случајот „Државна Лотарија“ заедно со уште 7-мина за злоупотреба на службената положба . Обвинителството тврди дека иако знаеле дека компанијата нема право да организира видео лотарија  сепак преку владина седница, со кој раководел Артан Груби, била донесена одлука за набавката на ВЛТ апарати. Штетата според обвинителството е 9,7 милиони евра.  Истрагата За Груби и Бајрами се водеше за дело проневера а обивнениет беше поднесено за злоупотреба зак оја се предвидени пониски казни.,  обвинителите велат дека се воделе од проибраните  доказит а не според висината на казната .

По 21 месец бегство Бајрами се врака во Макеодниј откако почна судењето на кое Артан Груби и уште 5 мина обвинети рекоа дека не се чувстувваат виновни а еден побара прво да го прочита обвинението на албански јазик.

Додека тој беше недостапен министерството за правда три пати барало екстрадиција за него од три различни земји откако известувања од МВР дека се наоѓа во таа држава. Првиот пат на 20ти декември 2024 од Косово . На 13.март 2025 побарана е еккстрадиција од Албанија и последно на 26 јануари годинава од Обединетите Арапски Емирати

Сите известувања за тоа каде се наоѓаат лицата се примени од МВР-СМПС. По секое известување е постапено. За секое известување барани се и примени се списи од ОЈО Скопје преку ЈОРСМ и веднаш откако се примени за секоја држава направено е и пратено барање за екстрадиција, рекоа од Министерство за правда

Според сознанија на Телма, надлежните безбедносни служби имале информации дека тој планира да го повтори патот на Груби и сам да се предаде.  Дури, во затворот во Шутка му било планирано место во келија и цимер. Враќањето се очекувало најмалку две недели односно пред почетокот на судењето за Лотарија,  но тој се предаде денеска.

Елена Ивановска

Jumbo 2