Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсов: Потребно е во континуитет да се размислува за тесната поврзаност на јазикот и идентитетот

/

Македонија

Сподели преку :

Чествувањето на Денот на мајчиниот јазик, ден на кој ја славиме различноста, јазичната и културна разноликост го отвори горливото прашање за процесот на глобализацијата, закана за целосно исчезнување на многу јазици, а кога јазиците бледнеат бледнее и културната разноликост во светот. За професор Борче Арсов важно е да се подигне свеста за клучната улога на јазиците во развојот на меѓукултурниот дијалоги и во континуитет да се размислува за тесната поврзаност на јазикот и идентитетот.

  • Според истражувањето на организацијата на Обединетите нации на секои две недели исчезнува по еден јазик, со што исчезнува едно цело културно наследство. Според атласот на загрозени јазици на УНЕСКО или јазици во опасност од исчезнување  само меѓу 1950-та и 2010-та година исчезнале 230 јазици, а како загрозени се сметаат најмалку 45% од оние околу 7000 кои се зборуваат во светот- проф. д-р Борче Арсов, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Во духот на меѓукултурниот дијалог неминовно се поставува прашањето колку е важно да се познава мајчиниот јазик во времиња во кои на различни нивоа и особено кај новите генерации се забележува влијанието на англизмите. Важно е да се познаваат странски јазици, вели професор Спасов, но вие морате од најрана возраст на едно дете да му покажете колку е важно да се владее мајчиниот јазик.

  • Од најмали нозе, да не речам од предшколските установи треба да се негува, како што знаеме да кажеме што е правилно, што не е, односно да го негуваме стандардниот јазик. Кај децата да се создаде свест дека постои еден јазик кој нè обединува тоа е македонскиот стандарден јазик и дека тој јазик мора да се негува, дека значи издигнување на културното рамниште на тој што го зборува тој јазик- проф. д- р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик.
  • Секогаш има потреба за уште нешто, независно од тоа што имаме исклучително добра продукција на книги, изданија секоја година, кај нас станува збор пред се за научни изданија. Секогаш можеме да кажеме дека може повеќе, еве следната година ќе објавиме барем десетина научни трудови што се поврзани со македонскиот јазик- проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, директорка на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.  

Во изминатиов период Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ беше наш партнер во изработката на новиот Закон за употреба на македонскиот јазик, кој е траен влог во нашиот идентитет и посебност, рече министерката за култура Костадиновска- Стојчевска. Со ова се докажа дека научните работници со поддршка на институциите се најсилниот бедем во заштита на нашата култура и историјата на нашиот јазик.

Нина Стефанова

Jumbo 2