Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антитерористичка акција во Скопје, најдени автомати и копачи за крипто валути

/

Македонија

Сподели преку :

Во скопскиот регион од утрово во тек е акција против радикална група со терористички врски која исто така дејствувала и како организиран акриминална група која се занимавала со лихварство, нелегална трговија и насилни активности.

Според првичните информација, во акцијата учествуваат и тајната служба АНБ и полицијата под раководство на обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Приведени се 5 лица меѓу кои и жител на населбата Ченто кој 15-тина години бил под радар на безбедносните служби поради своите радикални активности. Телма дознава дека при претресите на над 10-тина локации најдени се повеќе парчиња автоматско оружје, пиштоли, ножеви, знамиња на радикалната група ИСИС, но и компјутери за копање на крипто валути. Од обвинителството кратко потврдија дека се одвива операција, а бидејќи акцијата се уште е во тек и се уште траат претреси и распити, по завршувањето ќе бидат соопштени повеќе информации.

М.С

Jumbo 2