Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи.
Претходно, Главниот штаб за управување со кризи одржа седница за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод.













