Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбасадата во Берн е во постојан контакт со семејството Ивановски

/

Македонија

Сподели преку :

Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија.

Во моментов сè уште е во тек процесот на идентификација на лицата настрадани во пожарот во Кран-Монтана и, засега, нема потврдени информации за загинати или повредени македонски државјани.

Амбасадата внимателно ја следи состојбата и е во целосна подготвеност да им пружи неопходна помош на своите државјани.

Во однос на информациите што циркулираат во јавноста, од Амбасадата информираат дека се во постојан контакт со семејството на лицето за кое се бараат информации, како и со кантонската полиција.

Воедно, информираме дека на официјалните профили на Амбасадата на Република Северна Македонија, како и на Фејсбук-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се објавени контакт информации за сите на кои им е потребна поддршка или дополнителни информации.

Во случај на потреба од асистенција, граѓаните можат да се обратат на дежурниот телефон на Амбасадата: +41 79 923 79 57

Роднините бараат помош за пронаоѓање на Македонецот Стивен Ивановски, кој последен пат бил виден за време на пожарот во Кран-Монтана

Дел од македонските медиуми пренесуваат повик од роднините и пријателите објавен на социјалните мрежи за пронаоѓање на младиот Стивен Ивановски, со кого не можат да стапат во контакт после пожарот во Швајцарија. Тој последен пат е виден за време на пожарот што избувна ноќеска „La Constellation" во познатиот зимски центар Кран-Монтана. -Во однос на информациите… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2