Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албански државјанин приведен во прилепско, затекнат како пали сува трева

/

Македонија

Сподели преку :

Албански државјанин на возраст од 38 години е лишен од слобода откако бил затекнат како предизвикува пожар на отворено во прилепско.

Според информациите од МВР, настанот се случил вчера во 14:20 часот, на местото викано „Коливади“, во атарот на селото Житоше. Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го затекнале М.Џ. како пали сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

Лицето било предадено во ОВР Прилеп. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик за „Предизвикување на општа опасност“.

Jumbo 2