Четири пожари се активни, а во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 40 пожари на отворено од кои триесетина се изгаснати.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов забележа дека вчерашниот ден бил еден од најтешките сезонава во однос на пожарите поради високите температури и ветерот. Пожарот кој неколку дена го загадуваше воздухот во Скопје е изгаснат.
Пожарникарите и доброволците се справуваат со огнените стихии во Македонски Брод, Брвеница, Старо Нагоричане,а на Скопска Црна Гора од воздух се гасне и со еден хеликоптер.
Во близина на беровското село Ратево вчера избил пожар
поради палење оган на импровизирана скара од страна на граѓани, а опожарени се нискостеблести растенија. За настанот е информиран јавен обвинител и по негова насока е извршен разговор со 43 годишен жител од Беровското село Мачево,кој како што наведуваат од СВР-Штип го предизвикал пожарот.
Против него ќе има и соодветна пријава. Ангелов предупреди дека во текот на денот се можни промени во состојбата со пожарите, поради високите температири и ветерот.
Викторија Јованова













