Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица албански државјани повредени при превртување на автобус

/

Македонија

Сподели преку :

Автобус со албански национални ознаки се преврте рано утрово во близина на Прилеп при што  се поврдени 4 лица, албански државјани.

Несреќата се случила  кај  селото Алиници на магистралниот пат Битола Прилеп,околу 6 часот  кога од засега непознати причини автобусот излетал од коловозот и се превртел покрај патот. Со тешки телесни повреди се здобил 48 годишниот  возач на автобусот, а полесно се повредени тројца патници, од кој најмладиот е на 14 години.

Веднаш по несереќата биле префрлени во Клиничката болница во Битола, а  увид извршиле екипи на битолската полиција.

Jumbo 2